ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ОПШТИНА БОСИЛОВО

ОПШТИНА БОСИЛОВО
Местоположба и население
- Општина Босилово се наоѓа во средишниот дел на плодното Струмичко Поле, помеѓу планините Огражден и Беласица зафаќајќи површина од околу 150 км2.
- Општина Босилово има вкупно 14.260 жители со 16 населениместа или вкупно 3744 домаќинства.
- Низ нејзиниот средишен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои подоцна се влеваат во реката Струма во Република Бугарија.
Административни карактеристики
- Општина Босилово како локална самоуправа е формирана во 1996 година а инаку како стара општина функционира од далечната 1963 година.
- Таа граничи со соседните општини Василево, Ново Село и Струмица формирајќи Струмички микрорегион.
- Со првите две горенаведени општини (Василево и Ново Село) имаме формирано заедничка администрација (заеднички служби) кои извршуваат активности од областа на даночната политика, урбанизмот и инспекциските служби.
Контакт информации :
Адреса : Опстина Босилово, Босилово бб 2431
Телефон/факс : 034 371 600
email : ops.bosilovo@mt.net.mk
website: opstinabosilovo.gov.mk
|